Don't Miss
Home / Македонија / Фото: Премиерот Груевски ги посети поплавените Новаци и Могила

Фото: Премиерот Груевски ги посети поплавените Новаци и Могила

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, попладнево е во посета на поплавените подрачја во општините Новаци и Могила.

premier 1  premier 2

За време на посетата на Новаци, премиерот Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалниците на Новаци и Битола, Лазар Котевски и Владимир Талески извршија обиколка на поплавените подрачја, а тој го посети и местото каде беше прекинат регионалниот пат Битола – Новаци, од каде истекуваа надојдените води од поплавените земјоделски површини на Комбинатот Пелагонија.

premier 4   premier 5

Во Новаци премиерот Никола Груевски одржа состанок со Кризниот штаб на општините Битола и Новаци , а оствари средба и со претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.

premier 7    premier 6

Груевски оствари средба и со неколкумина земјоделци од Новаци и се информираше за последиците од поплавите.
По посетата на Новаци премиерот Никола Груевски заедно со министерот Миле Јанакиевски заминаа во посета на општината Могила, каде ќе го посети селото Ношпал, кое заедно со останатите села Чарлија, Радобoр и Вашарејца, најмногу настрадаа од надојдените води.

 

 

 

Б.В.

Фото: С.Р.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*