Home / Македонија / “Гардијан“ за новинарот Кежаровски

“Гардијан“ за новинарот Кежаровски

За случајот на Кежаровски пишува и весникот „Гардијан”, повикувајќи се на извори од Репортери без граници, како и Меѓународната и Европската федерација на новинари.

Во весникот пишува дека организациите за слобода на медиумите и меѓународните новинарски тела го осудиле затворањето на македонскиот новинар Томислав Кежаровски и дека скопскиот апелационен суд ја потврди неговата двегодишна казна, која претходно беше намалена од четири и пол години.

MAJA_GARDIJAN_002

Репортери без граници, чие седиште е во Париз, ја нарече апсурдна одлуката, недостојна за една земја кандидат за во ЕУ. Весникот ја пренесува и изјавата на портпаролот на оваа организација дека „Кежаровски не треба да отслужи ниту еден ден в затвор. Неговиот единствен престап е што ги укажа недостатоците на македонската влада и правен систем низ новинарски истражувања”.

„Гардијан” ја пренесува и изјавата на претседателот на Меѓународната федерација на новинари, Џим Бумела, кој вели: Кежаровски е невин новинар кој не требаше да биде затворен за тоа што си ја работеше работата. Одлуката на судот е срамна и бараме веднаш да биде пуштен.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*