Денеска, во прва официјална посета на Битола, беше новата амбасадорка на Германија во Република Македонија, Кристине Алтхаузер.
Амбасадорката оствари средба со градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески.
На средбата стана збор за соработката помеѓу Германија и Битола, притоа посебно беше нагласено дека Германија преку компанијата “Кромберг и Шуберт“ е најголем инвеститор од Германија во Битола и дека во наредниот период можат да се очекуваат и други германски инвеститори да инвестираат во индустриската зона „Жабени“.
Германската амбасадорка ќе присуствува на отворањето на “Недела на германски филмови“ што се оджува во Битола.
Б.В.