Додека Геровски со документи во рацете мавташе кон Палевски, тој врз него истури боја.
„Ќе се извиниш или не. Еве ти револуција, фарбам со национални бои – шарената револуција трае. Те фарбам како што ти фарбаше згради. Јас не сум задоволен и ја продолжувам револуцијата“, му порача Палевски.
Пресметката се случи откако двајцата претходно вербално се расправаа на социјалната мрежа Facebook.