Синоќа, голем интерес кај почитувачите на ликовната уметност пробуди самостојната изложба на Тони Чатлески – Чатле „Древниот сон“ која од 27-ми мај е поставена во Центарот за култура Битола.
Станува збор за триесетина опсесивни платна (од кои дел се изложени овде) кои на прв поглед го збунуваат гледачот, но секое задлабочување не’ упатува кон насловот на овој скромен текст дека овие слики се насликани во сон.
-Сите сонуваме, тоа е нештото што човечките битија ги одделува од будниот живот, тоа можеби се два паралелни света што постојат во нас независно еден од друг, едниот тајновит (сонот), другиот реален (дневниот живот ) и можеби единствено можат да се соочат и да се допрат во творештвото: сликата, напевот, поезијата, романот- пишува Трајче Крстевски за сликарството на Тони Чатлески.
Б.В.