Тешка кражба извршена во Музејот Спомен куќа на Гоце Делчев во Битола била пријавена вчера.
Кражбата, информираат од полицијата, се случила во периодот од 3-ти до 8-ми месецов во Музјот каде е насилно влезено. Украдени се вредни експонати меѓу кои сабја, турски јатаган, кама, пушки, пиштоли и други предмети чија вредност дополнително ќе се утврдува.
Од МВР велат дека се работи на пронаоѓање на сторителот или сторителите и расчистување на случајот.