Don't Miss
Home / Политика / Градоначалникот Tалески: Опозицијата се заминава со лични дисквалификации

Градоначалникот Tалески: Опозицијата се заминава со лични дисквалификации

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески запрашан за денешната прес-конференција на опозициската СДСМ кои побараа негова оставка даде коментар кој го пренесуваме во целост.

-Тоа е голема желба на опозицијата, но за да им се исполни, ќе треба да излезат на избори пред граѓаните, со програма и кандидати кои ќе имаат доволен политички капацитет и пред се  интелектуален кои нема да бидат луѓе подложни на корупција, манипулации, кои нема да се занимаваат со гнасење на својата татковина, со рушење на идентитетот и на сите начини да се обидат да  дисквалификуваат се она што не се тие. Јас едвај ја чекам правната разврска и се надевам дека многумина кои имаат дилеми овие дена и се поведоа по шпекулациите кои се во јавноста за кусо време ќе се срамат од тоа. Снимките кои се пласираат деновиве во јавноста не треба да се прифатат целосно како такви- изјави првиот човек на Општина Битола, градоначалникот Владимир Талески.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*