Don't Miss
Home / Македонија / Граѓани, револтирани од чинот на Заев, се собраа на протест

Граѓани, револтирани од чинот на Заев, се собраа на протест

Голем број граѓани собрани пред споменикот на бранителите во паркот „Жена Борец” во центарот на Скопје за да го изразат својот револт кон, како што рекоа, предавничкиот чин на лидерот на опозицијата Зоран Заев, почнаа да се движат кон штабот на СДСМ каде што се одржува координативна средба на партиското раководство.

протест 3

– Господинот Заев се спремал да изврши државен удар. Кој нормален би можел тоа да и го направи на сопствената држава – изјави за Нова Македонија еден од револтираните граѓани.
На прашањето кој ги повикал и кој го организира собирот, граѓаните одговараат дека слушнале на телевизија и решиле да се соберат.
Иницијативата која тргна од социјалните мрежи веќе доби на масовност. Граѓани од различна верска и национална припадност, членови на различни политички партии веќе спонтано се собираат центарот на Скопје.
Според иницијативата тие се „обединуваат против внатрешниот непријател”. Ваквиот протест доаѓа откако премиерот Груевски објави дека опозицискиот лидер Заев за да дојде на власт соработувал со странски тајни служби и се заканувал дека ќе го урне уставниот поредок поради што денеска му беше одземен пасошот и против него беше поднесена кривична пријава.

 

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*