Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервјуто на Алфа телевизија најпрво се огради од насилниците кои упаднаа во Собранието на крвавиот четврток и рече дека ниту ги организирал, ниту ги повикал да влезат во Собранието, а потоа се понуди да биде уапсен наместо нив.
-Нека ме уапсат мене и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ама нека не ги малтретираат луѓето кои понесени од емоции влегле во Собранието и направиле грешка, рече Груевски.