Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски сака да оди кај Орбан, судот не му го враќа пасошот

Груевски сака да оди кај Орбан, судот не му го враќа пасошот

Никола Груевски бара судот да му го врати пасошот оти унгарскиот премиер Виктор Орбан го поканил на состанок за да дискутираат за политички прашања. Освен поканата, како доказ дека е потребно да излегува од државата Груевски ја испратил и тековната состојба дека е лидер на опозицијата. Но, за неговите аргументи во судница зборуваа адвокатите, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се појави на јавната седница.

Кога ќе носат одлука апелациските судии да имаат предвид дека не се ограничува правото само на едно лице, туку на стотици илјади граѓани кои ги претставува преку партијата, порачаа неговите адвокти.

„Со одземање на пасошот се оневозможува партиските приврзaници да ги артикулираат своите партиски интереси. Особено што не постои никаков сигнал дека Груевски на било каков начин покажал волја да бега, да се крие, туку постојано е присутен секаде.“ – вели адвокатот Боро Тасевски.

Но за СЈО, Груевски е обвинето лице кое има три кривични дела поврзани со изборни нерегуларности.

„Одбраната повеќе зборуваше за Груевски како политичар, отколку да понуди правна аргументација. Аргументите дека треба да патува во странство е уште еден доказ, да не му се врати патната исправа, бидејќи во текот на истражната постапка, Груевски во два наврати своето отсуство го оправда со патување на конгрес во Малта, а еднаш со обврски во Делчево и Каменица.“ – изјави адвокатотТасевски.

Груевски се повикува и на праксата да му биде вратен пасошот како што пред две години истиот суд му го вратил на Зоран Заев додекка бил лидер на опозиција. Од друга страна, СЈО возврати дека во случајот „Кампања“ бил уапсен политичар, односно Љубе Бошкоски, па дури ставен и во притвор.

Конечниот збор го има кривичниот судечки совет на Апелација, на чело со претседателката Лилјана Шопова. До тогаш, Груевски останува без пасош и ќе треба да го пријавува присуството секој петок во Кривичниот суд.

Груевски е бпрвообвинет во случајот Титаник, заедно со поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, поранешниот градоначалник на Пустец Едмонд Темелко кој веќе е во притвор, и уште 16 сопартијци, обвинети лица.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*