.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / И по две децении “ татовци “ не се откажуваат од своите заштеди

И по две децении “ татовци “ не се откажуваат од своите заштеди

Старите рекле надежта последна умира. Ова непишано правило, најдоследна примена најде кај штедачите на ТАТ, кои и по изминати две децении, откако пропадна штедилницата ТАТ, сеуште не губат надеж дека ќе дојдат до своите пропаднати штедни влогови.

Од пропаѓањето на штедилницата ТАТ годинава се навршија точно 20 години.Поради голготата која ја претрпеја по банкротирањето на штедилницата ТАТ  голем број од штедачите не дочекаа да ги добијат назад своите пари. Во изминатите две децении починаа голем број штедачи, кои тогаш, кога се случи ТАТ, беа во поодминати години и подоцна починаа, во меѓувреме и некои нивни најблиски, синови, ќерки, станаа дедовци, па сега битката за враќање на штедните влогови ја водат тие заедно со нивните внуци.

-Како денес се сеќавам каква беше атмосверата во нашето семејство, кога дојде мојот сега покоен дедо Ристе  и ни кажа дека ги изгуби сите пари, кои ги спечалил во  Австралија  и сакал  да ни ги даде нам. Несреќата да биде поголема за да добива повисока камата која ТАТ им ја даваше на пенизонерите на име на дедо ми штедеше и мојот татко.  Па покрај на дедо ми ги загубивме парите и на татко ми.

Јас тогаш имав само неколку години. Но и денес не можам да го заборавам  ликот на мојот дедо,  кој преку ноќ се смени. Од секогаш ведар и насмеан човек, тој падна во таква депресија од која никогаш не се опорави. Се сеќавам на смртната постела, кога се разделуваше од нас ни остави аманет никогаш да не се откажеме од  парите кои му пропаднаа во ТАТ.

Сега,мојот татко стана дедо, јас станав татко и имам ќеркичка. Но од парите нема ништо. Наместо мојот дедо, сега заедно смојот татко  заедно настојуваме преку Здружението на необешетени штедачи да дојдеме до парите на дедо ми, кои во меѓувреме, по неговата смрт  ние ги наследивме.

Ова е навистина голгота,  од која се плашам дека никогаш нема да се извлечеме, ни вели сега веќе возрасниот Илче, кој ги наседли штедните влогови на својот дедо Ристе.

Во изминатиот период се сменија многу стечајни управници  и судии, Одбори на доверители, разни Иницијативни одбори, Совети и Здруженија на штедачи, изумреа стотици штедачи, но “татовци “ сеуште не се откажуваат од своите заштеди.

Иако за државата сстечајот во ТАТ е официјално завршен, за “тативци “ тој е сеуште отворен и како што велат ќе биде отворен се додека не ги добијат назад своите пари.

Во настојувањето да дојдат до своите штедни влогви деновиве Здружението на необештетни штедачи на ТАТ испрати отворено  писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски во кое бараат итна  средба за решавање на нивниот случај и за враќање на нивните згубени штедни влогови.

Поопширно во печатеното издание

на Битолски весник

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*