Во Битола државниот инспекторат запечати над 40 кафемати.
На тој начин државниот пазарен инспекторат му го скрати задоволството на битолчани, кои по затворњето на кафулињата и угостителските објекти на Широк Сокак да пијат кафе.
За затворањето на кафематите информираше директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.
Пауновски на прес конференцијата истакна дека запечатувањето на кафематите е со цел на јавните места граѓаните да не се собираат каде што се точи кафе.
Покрај на Широк Сокак кафемати се запечатени и на бензински пумпи и во трговски објекти, рече Пауновски на денешната прес-конференција.
Пауновски додаде дека во Битола се затворени 16 угостителски објекти во Битола.