Во надворешните тераси на рестораните и кафулињата, без разлика на временските услови – да може без ограничувања да се пуши. Ова е само една од предложените измени во Законот за заштита од пушење, кои треба да се усвојат по скратена постапка.
Сега, за време на зимскиот период, законот не дозволува пушење во затворени тераси. Еден од предлагачите, пратеникот Томислав Тунтев вели дека не се работи за целосно укинување на сите забрани туку за одредени олеснувања.
„Не станува збор за никаква идеја да се укине законот, значи се работи за изедначување на условите.” – изјави Тунтев.
Дел од овие измени ги бара и угостителите. Велат дека и онака досегашните ригорозни закони се спроведувале селективно. Имало објекти каде се пушело, а инспекциските служби не казнувале. Кога ќе залади, ограничувањата за пушачите влијаат и врз бизнисот, велат угостителите.
„Законот за пушење беше табу тема, не е успешен и треба промени. Да важат промените за сите угостители.” – вели Крсте Блажевски – Претседател на ХОТАМ.
За дел од граѓаните пак треба да постојат одредени ограничувања осоебно во ретораните каде се служи храна.
Од Министерството за здравство пак со став – пушењето е докажан ризик за здравјето на популацијата, за болести и јавно здравствен проблем и затоа треба да се почитувата прописите и законите.
“При предлагањето на овие измени на Законот за заштита од пушењето, со оглед на тоа што тие се базираат на аргументирањето на законската дефиниција на „простор од затворен карактер”, треба да се имаат предвид прописите од областа на градењето во однос на градењето”. – велат од Министерство за здравство