Don't Miss
Home / Култура / Јоланда Поденојте лауреат на фестивалот на монодрамата

Јоланда Поденојте лауреат на фестивалот на монодрамата

Синоќа во преполнетата  театарска сала на Народниот театар во  Битола со одигрувањето на претставата „Случајот Хармс” од Театар Комедија Скопје беше спуштена завесата на годинашното 18. по ред издание на  интернационалниот фестивал на монодрамата  во Битола.

Актерката  Јоланда Поденојте  од  Пилиас театарот од Клајпеда,  Литванија  за изведбата на  монодрамата „Те чекам, злато”  по текст на Дарио Фо и Франка Раме, а во режија на Алвидас Визгирда е годинашен лауреат на овој фестивал.

Наградата од публиката ја доби хрватскиот актер Озрен Грабариќ за монооперата „Дневникот на лудиот” по текст на Гогољ, а во режија на битолчанецот Марјан Нечак.

Фестивалот траеше седум дена, а љубителите во театарот можеа да проследат 13 монодрами во официјална конкуренција и уште четири македонски претстави.

-Актерката  Јоланда Поденојте е наградена заради восхитувачката леснотија на изразот со која допира до најдлабоките точки на човечката духовност, духовитост и комика. Нејзината фантазиска и сочна актерска игра без никакви синтетички надворешни ефекти ја слави радоста на театарот и животот”, образложија и од жирито, изјави претседателот на жирито претседателот на жирито, македонскиот актер Петар Темелковски.

„Уживав во подготовката на монодрамата и во изведбата. Тоа е форма која го слави актерот и неговиот труд”, истакна  литванската актерка Поденојте.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*