Don't Miss
Home / Свет / Кејт и Вилијам очекуваат второ дете

Кејт и Вилијам очекуваат второ дете

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон очекуваат второ дете. Оваа радосна вест ја  објави Бакингемската палата.
Првото дете на кралскиот пар, принцот Џорџ, родено е во јули минатата година при огромно внимание на меѓународната јавност. Вилијам е втор во наследниот ред на британскиот престол, а Џорџ е трет.
-Кралицата и членовите на семејството се воодушевени од веста дека нивното кралско височество очекува второ дете, објави Бакингемската палата. Засега не е објавено кога бебето би требало да се роди.
Честитки за војводата и војвотката од Кембриџ. Воодушевен сум од радосната вест дека чекаат уште едно дете”, напиша британскиот премиер Дејвид Камерон на “твитер“.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*