Home / Македонија / Инфективнa: Да не се прави паника, ебола нема во земјава

Инфективнa: Да не се прави паника, ебола нема во земјава

Нема опасност од ебола во земјава,тројцата студенти од Нигерија со покачена температура биле превентивно задржани на клиниката, информираат од Инфективната клиника во Скопје.

-Студентите се пожалиле и превентивно се прегледани. Еден од студентите е задржан на испитување за да се провери дали има некој друг вид ендемски заболувања од таа земја, додека другите се пуштени дома. Да не се прави паника, ебола нема, изјави денеска проф. д-р Снежана Стојановска.

Надлежните здравствени служби на аеродоромот „Александар Велики” во Скопје пред два дена поради констатирана зголемена температура и симптоми кои асоцираат на заразната болест ебола ги ставија во карантин студентите од Нигерија.

Од ебола во Африка досега починати се преку две илјади луѓе.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*