Битолските мото кросисти Христијан Илиевски – Кико од Пелистер од Битола и Борче Костов – Жолтио од ЛТД од Битола се победници во своите категории во МХ1 и во МХ3, а исти така и битолчанецот Михаил Бајовски од ЛТД Битола е првопласиран во категорија МХ3.
Второ пласиран во категорија МХ1 е Гоце Томовски, а на трето место е Симеон Николов.
Во категорија МХ2 второ место освои Христојан Станковиќ, а на трето место се пласира ПанајотосСвидерополис.
Во МХ3 класата второпласиран беше Јован Стојков, а на трето место Васил Киров.
Екипно победи мото клубот ЛТД од Битола, а следуваат Мотостарс од Битола и Мотокрос од Велес.
Инаку ова беше прва меморијална трка “Братиндол 2014“ посветена на прерано починатиот основач на ЛТД клубот и поддржувач на сите битолски мороџии Тони Гулевски-Бабуш.
На патеката кај Братиндол традиционално имаше повеќе илјади љубители на овој спорт од Битола и од околните градови.
Текст и фото: Сашо Ристевски