Home / Uncategorized / Отворен вино бар “ Буре “

Отворен вино бар “ Буре “

Синоќа во Битола, свечено беше отворен новиот вино бар “Буре” кој се наоѓа во зградата “Магнолија” на истоимениот плоштад во Битола.

bure 5
Вино барот “Буре” е прв локал од ваков тип во Битола, а гостите покрај тоа што ќе можат да уживаат во конзумирањето на разни сорти вина ќе можат да уживаат и во единствено мезе во градот.

bure 12

Сопственикот на “Буре”, Михајло – Мичо Симоновски, на свеченото отворање рече:
-Овој вино бар е само продолжение на содржините кои го нуди брендот “Буре”. Ова е трет локал во Битола, а надвор од Битола брендот Буре има свој локал на плажата “Градиште” во Охрид. Се надевам дека со оваа нова содржина, која им ја нудиме на битолчани и останатите намерници во нашиот град ќе понудиме нешто ново по што ќе бидеме препознатливи.

bure 13

Храната која ја нудиме на нашите гости е со докажан квалитет, а во овој вино бар гостите ќе уживаат и во единствениот амбиент, каде ќе ги препознаат сите знаменитости на Битола, односно по се она што е позната Битола ќе го најдат тука.
Инаку, вино барот “Буре” е компелтно дизајниран од познатиот битолски уменик Владимир Симоновски, брат на Мичо, а негова е и комлетната реализација на идеите. Тука е сместена историјата на Битола во изминатите 200 години. Во вино барот се наоѓа филмското катче, музичкото катче, чајџилница, џу-бокс катчето и останатите одлично уредени катчиња, каде битолчани ќе уживаат.

bure 17

Според она што можеше да се види на свеченото отворање каде беа присутни неколку стотини битолчани кои уживаа во виното и мезето и во одличниот амбиент, овој локал ќе предизвика големо внимание.

bure 7

 

Текст и фото: Сашо Ристевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*