-Денес сме во посета на Битола, на средби со граѓаните, со стопанствениците, со пазарџиите а во поддршка на нашиот кандидат за градоначалник Наташа Петровска која што впрочем е фаворит на битолчани на овие избори а и во поддршка и на советничката листа на СДСМ и Коалицијата предводена од Валентитн Груевски. Сакам уште на почеток да истакнам дека Наташа Петровска како иден градоначалник на општина Битола ќе ја има комплетната поддршка и од владата, од централното раководство, како и од мнозинството во парламентот за сите витални,клучни проекти кои што имаат неопходност од тие политички инстанци. Сакам да потенцирам дека Битола нема да биде повеќе град кој што тони, нема да биди општина од која младите се иселуваат и општина во долгови и со институции во кои што долговите на некој начин гравитираа во изминатите 4 години-изјави денеска во Битола, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.
Тој посочи дека во иднина во општина Битола ќе се гради плански, квалитетно, чесно и поштено. Ќе се гради домаќински.
-Буквално ќе ја изедначиме руралната средина со градските средини во поглед на инфрастурктурата. Битола ќе добие ревитализација на офицерски дом, а како еден од клучните проекти ќе биде гасификацијата на Битола која што ќе ја зголеми комоцијата на битолчани и ќе ги намали нивните сметки. Со помош на централната власт ќе обезбедиме чист воздух за дишење и чиста вода за пиење за сите наши сограѓани затоа што здравјето на битолчани за нас е најважно. Ќе обезбедиме соодветни услови за водење на бизнис во оваа општина. Наместо депласирани и неуспешни индустриски зони од Битола ќе направиме соодветна бизнис зона во која ќе бидат поддржани сите оние кои вработуваат повеќе и сите оние кои што даваат повисоки плати. Домашните инвеститори ќе ги изедначиме со странските инвеститори во поглед на поддршката. Општината ќе биди отворена за сите наши сограѓани. Ќе работи само чесно и домаќински. Драги битолчани, на 15-ти октомври треба да го заокружиме она што го започнавме во Декември минатата година. Да го заокружиме враќањето на животот во нашата општина Битола. Јас знам дека вие масовно ќе ја поддржите Наташа Петровска како наш кандидат за градоначалник затоа што таа е ваш фаворит но знаете дека поддршката во советот, стабилен и силен совет се исклучително битни аспекти на секој иден градоначалник. Јас Ве повикувам на 15-ти Октомври, оваа недела, да ја поддржите и советничката листа заокружувајќи го бројот 19. Нека ви е аирлија и нека ви е честито однапред- порача денеска од Битола, генералниот секретар на СДСМ,
Александар Кирацовски.