Home / Uncategorized / Комитите со закани кон полицијата

Комитите со закани кон полицијата

Од навивачката група Комити со статус на социјалната мрежа фејсбук и се обратија на полицијата, која вчера употреби димни бомби и солзавци против демонстрантите кои протестираа пред Собранието. Комитите упатија и закани, доколку полицијата повтори употреби агресија навивачката група порачува дека ќе се соочи со народот не само на улица, туку и во приватниот живот.

„Вчера, за нас, ништо ново, но за многу наши браќа и сестри, прв контакт со агресијата на полицијата. Со години ви зборувавме дека не третираат како граѓани од втор ред, бидејќи се деклариравме како родољуби (се однесува на дел од групите, останатите се партиски измети). Да ве потсетиме, ние не ви го посакувавме, “да ви се деси Куманово”, како некои други, туку напротив, сочувствувавме со вас, бидејќи Македонија изгуби синови, во борба против терористи! Не заборавајте, тргате кон народот кој сака да се избори за достоинство, за подобар живот на сите, за нашите идни генерации да се чувствуваат горди. Ако сакате да бидете запишани во историјата, како гробари на Македонија, слободно продолжете, но ќе се соочите со народот не само на улица, туку и во приватниот живот.

Коските ни кршат и крвта ни пијат, а ние смели сме, гордо умираме, не се предаваме!!!

П.С: драги наши партии или ќе излезете со народот на улица или ќе изгорите во заборавот!!!“, порача навивачката група која повика на вчерашниот протест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*