Home / Uncategorized / Талески контра Груевски

Талески контра Груевски

Во изминатите денови ВМРО ДПМНЕ делува како раштимован оркестар. Додека лидерот на партијата Никола Груевски и некои негови локални координатори во изминатите денови со дрвја и камења фрлаа на наводната  нерегуларност на изборите, партискиот  инженеринг, криминалните избори, поткуп на гласачите за што биле потрошени 20 милиони евра црни пари, обиди за убиства, заплашувања, тепачки, уцени, закани… денеска во Битола еден од промоторите на таквата политика, сега веќе екс градоначалникот Владимир Талески, за  неговата наследничка Наташа Петровска од СДСМ постели дури и црвен тепих.

Човек да не знае дали да плачи, или да се смее.

Додека локалното раководство на ВМРО ДПМНЕ во Битола предводена од координаторот Борче Димитровски и кандидатот за градоначалник Зоран Илиоски  не собраа храброст да и ја честитаат блескавата победа на Наташа и истата  преку  своите фејсбук профили ја оспорија, бидејќи наводно била плод на низа нерегуларност, нивниот “соборец “ Талески,  на денешното примопредавање на градоначалниката  функција истака дека денешниот ден е историски за Битола, бидејќи за прв пат Битола добила жена градоначалник, која освои рекорден број гласачи од над 30.000.

Во своето кусо обраќање пред новинарите Талески со ниту еден збор не ја оспори победата на Петровска. Напротив тој истакна дека истата е заслужена и чиста како солза.

Сега останува да се запраша јавноста. Кој во ВМРО ДПМНЕ лажи. Лидерот Никола Груевски  кој тврди дека изборите се нерегуларни и криминални, или пак тие како Талески, кои не само што ја признаа победата , туку денеска на победничката Петровска и постели црвен тепих.

И ако е од ВМРО многу е.

Во оваа партија  веќе не се знае кој што зборува и што прави. Партијата која до неодамна важеше за најдисциплинирана , организирана по војничка хиерархија, во која владее војничка дисциплина денеска делува како раштуимван оркестар, во која не се знае ни кој што зборува ни кој што мисли во врска со локланите избори, на кои ВМРО ДПМНЕ и Никола груевски доживеаја вистински дебакл од кој тешко ќе се опорават.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*