Седницата на Собранието на која ќе бидат верификувани пратеничките мандати ќе се одржи утре во 13 часот.
Седницата ја свика претседателот на поранешниот пратенички состав Трајко Вељаноски, а со неа ќе претседава исто така тој.
Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов е должен 10 дена по формирањето на новиот пратенички состав, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата, односно на партиите кои имаат мнозинство во Собранието.