Се наоѓаме на така наречената велосипедска патека што ја направи претходната локална самоуправа, замајувајќи ја битолската јавност дека исполнуваат едно нивно ветување од претходната нивна програма.
Лагите во Битола мора да престанат. Ветуваме дека во периодот кој што следува во следните 4 години нашата локална самоуправа, предводена од СДСМ и коалициските партнери ќе изградат реални, вистински велосипедски патеки кои што ќе бидат безбедни за велосипедистите, каде што нашите граѓани ќе можат да се рекреираат, меѓутоа и да се движат и да имаат економски бенефит заштедувајќи со користењето на велосипедите, меѓутоа придонесувајќи за поздрава животна околина.
Велосипедските патеки кои планираме да ги изградиме ќе ја опфатат улиците “Филип Втори Македонски“, булеварот “1-ви Мај“, “Партизанска“,“ Васко Карангелевски“. Тоа се реални проекти кои ќе бидат остварени. Исто така сакам да напоменам од еколошки аспект дека планираме оплеменување, зазеленување на многу месни заедници, локации во нашиот град. поставување на садници, истото планираме да го направиме на две локации во населбата Карпош, потоа кај кулите кај Едвард Кардељ, на тепсија и исто така во нова Битола кај улицатаЌ “Димче Лахчански“. Исто така тоа се реални проеки кои ќе бидат остварени и реализирани. И бидејќи се наоѓаме во градскиот парк сакам да напоменам дека овде ќе биди местото каде што ќе биди изграден екоцентарот каде што најмладата наша популација ќе може да ја развива својата еко култура низ низа активности. Конечно, 15-ти Октомври наближува, ги повикувам сите битолчани да го донесат масовно животот во Битола за сите., рече на прес конференцијата кандидатката з аградоначалник на Битола, Наташа Петровска.