Македонија е 30 членка на НАТО! Во понеделникот, во Брисел, пред седиштето на НАТО, со интонирање на македонската химна, свечено беше подигнато знамето на Република Северна Македонија.
На церемонијата, со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса, која поради корона вирусот се одржа во скромна атмосфера, присуствуваше генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој пред свеченото кревање на знамето му посака добредојде на нашата земја во НАТО.
– Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа години посветеност и заложба за реформите. Ова е добро за стабилноста, безбедноста и мирот на цел Западен Балкан, рече Столтенберг.
Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје ја следеше комплетната влада на државата, предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски.