Don't Miss
Home / Uncategorized / Масовна тепачка во ноќниот клуб „Расчекор”

Масовна тепачка во ноќниот клуб „Расчекор”

Доцна синоќа, во ноќниот клуб “Расчекор” се случи масовна тепачка во која настрадаа неколкумина битолчани.

Според информации на порталот на “Битолски весник” во тепачката учествувале две групи коишто по вербалната расправија почнале да се пресметуваат меѓусебе.

Притоа не се избиралe средства во пресметката.

Настојувањата на обезбедувањето да ги смири спротивставените групи биле безуспешни.

Притоа покрај учесниците во тепачката, повредени се и луѓето од обезбедувањето.

Дел од повредените синоќа и рано изутрината побарале лекарска помош во Клиничката болница.

Битолската полиција која што според информации на “Битолски весник” за да ги смири спротивставените групи употребила и солзавец, засега не излегува со информации за инцидентот.

Инаку „Расчекор” неколкупати бил место за физичка пресметка меѓу битолчани.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*