Don't Miss
Home / Uncategorized / Меѓународна конференција “Социјална и образовна инкулузија и кохезија“

Меѓународна конференција “Социјална и образовна инкулузија и кохезија“

Викендов, во Центарот за култура во Битола, во организација на Македонското научно друштво се одржа Меѓународната конференција “Социјална и образовна инклузија и кохезија – теорија, практика и перспективи“. На конференцијата со свои трудови и излагања, зедоа учество над 40 – тина излагачи од Македонија, Србија, Грција, кои ги презенираа своите трудови и искуства.

Целта на конференцијата е подобрување на процесот на инклузија и кохезија во општеството и негова подобра интеграција.
Инклузија во образованието по основ на способности и попреченост, по основ на културолошка, верска и родова припадност, инклузија по основ на социјално маргинализирани групи, беа само некои од темите на кои излагачите на конференцијата ги изнесоа и споделија своите искуства секој во своето поле на делување.
– Учесниците на конференцијата ги презентираа своите искуства, сознанија и истражувања во оваа област. Целта на конференцијата е надминување на предрасудите, поголема вклученост на сите лица во сите сфери на живеењето, како човеково право на недискриминација, почитување на различностите. За да се подобри социјалната и образовната инклузија и кохезија потребно е да се работи со децата уште од најмала возраст, да се изгради кај нив систем на вредности за прифаќање на различностите, недискриминација и надминување на стереотипите и предрасудите – истакна доц. д-р Сашо Кочанковски, секретар на Организациониот комитет на конференцијата.
На конференцијата свои излагања имаа стручни соработници дефектолози, психолози, педагози, наставници, универзитетски професори кои секој од свој аспект и во своето поле на делување ги презентираше своите сознанија и практики и своите перспективи за делување со цел унапредување на општеството и градење не само на инклузивен образовен систем, туку и едно инклузивно општество.

М.Д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*