Министерот за финансии и потпретседател на Владата, Зоран Ставрески попладнево беше во обиколка на поплавените подрачја во Могила и Новаци.
За време на посетата тој се информираше за последиците од поплавите како и за мерките кои ги преземаат кризните штабови за справување со поплавите.
Министерот Ставрески придружуван од пратениците Зоран Илиоски и Лилјана Кузмановска, како и градоначалникот на Новаци Лазар Котевски го посети местото на патот Брод – Гнеотино, кој беше изграден минатата година, а каде што беше прсечен од надојдените води.
Во разговорот со градоначалникот на Новаци, ЛазарКотевски и кризниот штаб тој го нагласи своето задоволство од мерките кои ги презела општината Новаци за заштита од поплавите и воедно истакна дека Владата ќе направи се да одобри средства за санирање на последиците од поплавите како и набавка на градежна механизација за јавното претпријатие “Битолско поле”, кое со сегашната механизација не е во состојба да ги исчисти каналите.
Б.В.