Don't Miss
Home / Градска хроника / Младите од ВМРО-ДПМНЕ ги посетија старите лица во Хосписот Сју Рајдер

Младите од ВМРО-ДПМНЕ ги посетија старите лица во Хосписот Сју Рајдер

Во рамки на акцијата “Се грижиме“ Унијата на млади сили на владејачката ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава ги посетува домовите за стари лица. Денеска беа во Битола, во посета на старите лица згрижени во “Хоспис Сју Рајдер“.

– Главна цел ни е да ги посетиме старите лица, да поразговаравме со нив, да ги видиме нивните проблеми, да им искажеме должна почит за сето она што го сторија, да им помагаме, да им ги решаваме проблемите доколку ги имаат – изјави Слободан Јовановски, координатор на Унија на млади на ВМРО-ДПМНЕ за изборна единица 5.

ums 1

Оваа акција насловена “се грижиме“ ќе се спроведува и во другите градови низ Македонија.

-Унијата на млади сили од Битола се приклучи на оваа акција, ги посетивме старите лица во оваа институција, малку се подруживме со нив, им донесовме симболични подароци, неопходни работи, се потсетивме на нашите баби и дедовци, и во оваа прилика, апелирам до младите да ги посетуваат старите лица бидејќи тоа ним многу им значи- рече Јовица Богоев, од Унија на  млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*