Don't Miss
Home / Македонија / МВР го сомничи Заев за поткуп од 200.000 евра

МВР го сомничи Заев за поткуп од 200.000 евра

Додека во Универзалната сала се објавува осмата бомба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, МВР во исто време одржа прес-конференција на која соопштија дека лидерот на опозицијата Зоран Заев е осомничен за примање поткуп од 200.000 евра.

Според информациите објавени од портапролот на МВР, Иво Котевски, Заев се сомничи дека од лице барал по 2 евра за квадратен метар за да приватизира градежни земјиште. Станува збор за земјиште од 100.000 квадратни метри, што значи, вели МВР, дека Заев побарал мито од 200.000 евра.
Според МВР, тоа дело градоначалникот на Струмица го вршел од ноември 2013 година досега, што, вели МВР е кривично дело според член 357 од Кривичниот законик.

 

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*