МВР се уште без одлука за дополнителното обезбедување кое го побара Никола Груевски.
Спасовски смета дека старите законски одредби со кои поранешните функционери добивале по тројца обезбедувачи на 1 година се поадекватни од актуелните со кои тие добиваат по 6 телохранители онолку долго колку што биле на функција.
„Сето тоа го анализираат управата за безбедност и бирото за јавна безбедност и врз основа на тие сознанија и пријавите дадени до МВР ќе дадат до мене известување и јас ќе донесам одлука. Мојот личен став е дека нема дополнителна потреба од телоххранители.“ – изјави Спасовски – министер за внатрешни работи.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков со решение на министерот добиле дополнително обезбедување. Управата за безбедност и контраразузнавање проценила дека за двајцата поранешни функционери во МВР потребни се зголемени мерки за безбедност, а ќе бидат на сила се додека има потреба. Министерот не одговори: од кого и какви закани имаат поранешните директори, но рече дека нема да дозволи МВР да се претвори во приватна агенција за обезбедување.