Кога еден министер за надворешни работи доаѓа на сред Битола за да зборува за РЕК и за некакви јапонски филтри , некому мора многу да му жежи под нозете.
Очекувавме Никола Димитров да се сретне со борците од НОБ и да им објасни дека тие не се бореле против бугарскиот фашистички окупатор , туку всушност учествувале во идеолошка борба помеѓу две политички спротиставени фракции на еден ист народ.
Никола Димитров требаше да се сретне со наставниците и професорите по историја и да им образложи со кое право и со каква „стручност“ тој и Заев договорија бришење, додавање и преправање на историските факти за многу чувствителни периоди на македонската историја, без да го прашаат народот.
Никола Димитров требаше да се сретне и со здруженијата на децата бегалци протерани од Егејска Македонија и да им објасни како тоа во иднина ќе се преправаме дека нивниот егзодус и животна трагедија всушност не се ни случиле.
Битола е космополитски град и има богата, и стара и понова традиција на почитување и соработка со сите и со Грција и со Бугарија и со Албанија, и Никола Димитров може да учи дипломатија од секој просечен битолчанец.
Битолчаните имаат достоинство и самопочит со која нема да дозволат да си поигруваат ни Заев ни Димитров со некакви измислени , истант политички дилетантски импровизации за решавање на долгорочни и чувствителни политички проблеми во регионот – затоа ќе бидат казнети на 15 октомври, изајви портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Битола Благој Шаклевски.