Don't Miss
Home / Uncategorized / Наскоро нова пратеничка група

Наскоро нова пратеничка група

Осумтемина пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон уставни измени се уште го договараат натамошниот начин на делување во Парламентот. До понеделеник би требало да се официјализира, најверојатно, формирање на уште една пратеничка група во Собрание, на што тие имаат право.

Според пратеничката Емилија Александрова, тие денеска ќе имаат средба и ќе дефинираат што понатаму, без да соопштува детали за што би разговарале конкретно.

Друга пратеничка од овие осуммина, за МИА, вели дека тие ќе функционираат заедно, но и дека се отворени и за други пратеници, како и дека ќе работат на дефинирање на нивните четири барања со правни експерти, вклучувајќи ги и уставните амандмани.

– Ќе работиме на четирите барања, како и на уставните амандмани во консултација со правници, токму на она што предизвика грижа кај општата јавност, вели пратеничката.

Имаат подадена рака, како што посочува, од колегите од пратеничката група на СДСМ да учествуваат во консултациите за устаните амандмани.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера кажа дека Деловникот им дава можност на пратениците да се самоорганизираат, имајќи предвид дека се повеќе од петмина.

-Имајќи предвид дека тие се отцепиле од партијата и одлуката за некои од нив да ги исклучуваат од партијата Деловникот им дава можност да се самоорганизираат имајќи предвид дека се повеќе од петмина. Од формален аспект првично ќе треба индивидуално и формално да се изјаснат во однос на нивниот статус во коалицијата во која биле. Првично треба да се изјаснат дека не се дел од таа коалиција за да можат со нов акт да се обратат до мене за да можат да формираат пратеничка група. Формално ВМРО-ДПМНЕ има само една пратеничка група, рече Џафери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*