Don't Miss
Home / Uncategorized / Насталгично музичко патување во Карпош

Насталгично музичко патување во Карпош

Прекрасните звуци на сентименталната џез музика ноќеска се „прошетаа“ низ платото на Т.Ц „Лептокарија“, исполнувајќи го просторот со романтичен спокој.  Во рамките на тринаесеттата вечер од „Културното лето Карпош-2017“, со својот бравурозен настап се претставија музичките виртуози „Мартин Ѓаконовски Трио“, придружувани од нежниот баритон-вокал на  беспрекорниот Џон Илија Апелгрин.

Реномираните македонски џезери, пред многубројната публика свиреа нумери од скоро снимениот аудио материјал, посветен на врвниот американски џез пијанист Nat „King“ Cole. На вечерашниот репертоар „поминаа“ повеќе џез изведби, меѓу кои се вбројува „класиката“ од педесеттите години – „Destination Moon“, сензитивната балада – „Laughing on the outside, Crying on the inside“, разиграната – „It’s Only a Paper Moon“ , неодоливата „Welcome to the Club“ и други мелодии, кои ги допираат најдлабоките човечки емоции.

Познавачите на рафинираните џез звуци и музичките критичари, го споредуваат гласот на Џон Илија Апелгрин со вокалите на безвремените великани, Frank Sinatra, Tonny Bennett и секако, Nat „King“ Cole. Искусниот џез состав  „Мартин Ѓаконовски Трио“ го сочинуваат: Мартин Ѓаконовски – на бас, Гордан Спасовски – на пијано, Левин Ѓаконовски – на тапани, а како специјален гостин ги придружува Кирил Кузманов – на алт саксофон.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*