Home / Спорт / Недостижна десетка за Пелистер

Недостижна десетка за Пелистер

Трето коло, Челинџ куп – реванш

Пелистер – Дукла Прага 24:18 (12:7)

Спортска сала „Младост„ – Битола. Гледачи: 4000
Судии: Роберто Шевоја и Таи Алперан (Италија)
Делегат: Тихомир Касуниќ (Хрватска)

Пелистер:
Крстевски, Николиќ 3, Димитровски 8, Дрогришки 7, Рајатовски 2, Тодоровски, Гаревски, Илиевски 3, Јовановски (9 одбрани), Вељановски, Нечков, Кузмановски 1, Георгиевски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути

rk 7

Дукла Прага:
Рангл (6 одбрани), Керн, Шимунек, Свитек 1, Брежина, Фулнек, Котрц 6, Рајхл 3, Мубензем, Ј. Петружела, Т. Петружела (5 одбрани), Јеничек 2, Кастнер 6, Шустек
Седмерци: 1/1

Исклучувања: 8 минути

Играта на ракометарите на Пелистер и атмосферата во спортската сала “Младост” од Битола ги врати битолчани десетина години наназад, кога екипата на Пелистер беше гордост на Битола, а “Младост” храм на ракометот. Но за жал десетте гола негатива од Прага ракометарите на Пелистер не можеа да ги стигнат иако одиграа достоинствено и борбено и ја совладаа Дукла со 24:18.

Тие се елиминирани во 3 коло од Челинџ Купот во убав амбиент пред 4.000 гледачи.

На почетокот на средбата голманот на Пелистер,  Јовановски го подигнаа нивото и Николиќ и Дрогришки во 18 минута за прв пат донесоа +3 за македонскиот претставник (8:5).

rk 12

Во последните 5-6 минути преку Васко Димитровски, Пелистер отиде на 12:7 и промаши зицер на 3-4 секунди до одморот.  На почетокот од вториот дел Пелистер со тандемот Николиќ – Димитровски дојде до разлика од седум гола (15:8) во 37 минута, но Чесите намалија во 42 минута намали на 16:11. Капитенот Димитровски со два реализирани седмерци во 52 минута ја врати разликата од +5.
Кај Пелистер се истакнаа Димитровски и Дрогришки, а кај Дукла најдобри поединци беа крилата пред се левото крило Милан Котрц.

Игор Николовски, тренер на Пелистер изјви:

-Сакам да им честитам на гледачите, на „Чкембарите” кои цело време беа наш осми играч и како во старите времиња се поистоветуваа со тимот. Ние дадовме максимум, со оваа млада и неискусна екипа, со само 7-8 ракометари, практично без замена повеќе не можевме. Квалификацијата ја загубивме во Прага, по долгиот пат и се она што му претходеше на првата средба. Но јас верувам во оваа млада екипа и со 1-2 засилувања, сигурно ќе има што да каже во иднина.

 
Текст и фото: Сашо Ристевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*