Don't Miss
Home / Uncategorized / Нема амнестија за организаторите за 27 април

Нема амнестија за организаторите за 27 април

Портпаролот на Владата на Македонија, Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција, говореше за амнестија за настаните од 27 април минатата година, изгласана вчера во Собранието.

Како што порача тој, Владата и сите нејзини структури ги поддржуваат сите акти со кои се дефинира помирувањето.

„Владата многупати има повторено дека во моментот се случуваат историски процеси. Интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ. Ова се процеси кои ја движат Македониоја напред. Поддржуваме акти со кои ќе се дефинира помирувањето. Јасно ќе се разграничи насилството, наспроти присуството во Собранието. Овие политички одлуки, носат политичка одговорност. Мешање во судството нема да има по било која основа. Ќе се донесе помирување и јасно е дека нема да има амнестија за организаторите или тие кои учествувале или извршиле насилство“, порача Бошњаковски на денешната средба со новинарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*