Don't Miss
Home / Македонија / Нема ебола во Македонија

Нема ебола во Македонија

Нема ебола во Македонија соопштија од Министерството за здравство по пристигнатите резултати од лабараторијата во Германија.

Британецот Џефри Колинс немал ебола, покажале резултатите од Клиниката во Хамбург, соопшти  д-р Јованка Костовска, раководителка на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.
-Резултатот е негативен од ебола. Пациентот не бил заболен од овој вирус. Донесена е одлука за прекин на карантинот и во хотелот и на Инфективната клиника. Сите што беа во карантин можат веднаш да ги напуштат објектите. Ќе има аутопсија, со цел да се утврдат причините. Бевме обврзани да постапуваме согласно со светските протоколи. Голема благодарност до сите луѓе што беа вклучени, кои беа над 60, здравствени работници, сестри, доктори, помошен медицински персонал, рече д-р  Костовска.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*