Home / Вести / За првпат во Битола се одржа Државно првенство во Гимнастика

За првпат во Битола се одржа Државно првенство во Гимнастика

Со учество на повеќе од 130 ученици во основно образование од сите градови на државата, денес во ООУ „Климент Охридски“, за првпат во Битола се одржа Државно првенство во Гимнастика, под покровителство на Федерација на Училишен спорт во Македонија и Општински Сојуз на Училишен спорт.

Присутните ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски, посакуваќи им успех на натпреварувачите и честитајќи им за организацијата, ја истакна потребата од одржување на повеќе вакви натпреварувања кои се од големо значење за развојот на децата и поттикнување на спортскиот дух.

Општина Битола преку програмата за спорт и млади ќе ја продолжи поддршката на училишниот спорт се со цел поголема ангажираност на наставничкиот кадар и учениците за постигнување на поголеми спортски резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*