Со над 100 тони сол и околу 80 тони ризла, КЈП „Нискоградба“ ги посолуваше улиците во Битола во текот на ноќта и утринава, а улиците и натаму се чистат со механизацијата на ова јавно претпријатие. Улиците од прв и втор приоритет се прооднни и исчистени. Од КЈП „Нискоградба“ апелираат до граѓаните доколку имаат проблеми со одржувањето на улиците од прв и втор приоритет, но и според потребите за итни случаеви да се јават на телефонскиот број 047221016.