Home / Спорт / Нов голем успех на Занши

Нов голем успех на Занши

На 14.05.2017 год ( недела) Центарот за боречки вештини „ЗАНШИН”- Битола постигна нов двоен успех.

На 17 традиционален интернационален карате турнир „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2017” , Карате клуб „ЗАНШИН-ДО”-Битола се закити со 2 злата , 5 сребра и 14 бронзи.

Со злато се закитија: Ана Момоковска  и Атанасија Момоковска во дисциплина кати поединечно 2010 год и помлади .  Со сребрен медал се закитија : Марија Момоковска, Пламен Пенчев и  Михаил Диневски во дисциплината кати поединечно 2010 год. и помлади ,  Ѓоревска Симона во дисциплина кати поединечно во јуниорска кункуренција   и Стефанија Петковска, Андреа Цветковска и Симоновска Маја во дисциплина кати  тим во кадетско- јуниорска кункуренција. Со бронзен медал се закитија Евгениј Поповски, Димитар Петковски, Мартина Михајловска во дисциплина ката поединечно 2010 и помлади, Стефановски Михаил, Наумовски Мартин, Димовска Чонтева Ана во дисциплинта ката поединечно 2009 год, Груевски Лука  во дисциплина ката поединечно 2007 год. , Бисера Пројковска во дисциплина ката поединечно 2006 год , Симоновска Маја  во дисциплина ката поединечно 2005 год. и Атанасија Момоковска, Ана Момоковска и Марија Момоковска  во женски ката тим 2010 и помлади;  Пламен Пенчев, Мартина Михајловска и Михаил Марковски во машки ката тим 2010 и помлади , Алиовска Леона , Митревски Евгенија и Елена Јончевска во женски ката тим 2008/2009 год. , Цветковска Анастасија,  Наумовски Мартин и Наумовска Евгенија во женски ката тим 2008/2009 год. и Симоновска Маја, Костојчиновска Ана и Стефан Димовски-Чонтев  во ката тим 2004/2005 год.

Паралелно се одржуваше државно првенство во Кик Бокс во 5 та Хала на Саем во Скопје . На ова првенство Кик бокс клубот „ЗАНШИН”-Битола освои 1 злато и 2 сребра. Никола Бакалов се закити со златен медал во дисциплината ЛК. +91 кг , додека со сребро се закитија Стефан Сунчески во дисциплината   КЛ, -69кг. и Кристијан Дурдубаковски во дисциплината   КЛ, -63кг.

-Горда сум како тренер бидеќи ова е голем успех за нас , меѓутоа ние тука не застануваме продолжуваме со подготовки за нови предизвици кои ќе не очекуваат во јуни, ни изјави Дијана Неделковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*