Home / Uncategorized / Крвичниот суд даде виза да му се суди на Талески

Крвичниот суд даде виза да му се суди на Талески

Кривичниот суд за оценка на обвинителен акт го одобри обвинителниот акт за случајот „Транспортер” на СЈО.

Ви соопштениeтo nа кривичниот суд се вели:

„Советот за оценка на обвинителен акт кој постапуваше по обвинителниот акт поднесен од страна на Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против 21 лице за предметот во јавноста познат како „Транспортер”, по добивање и разгледување на приговорите на странките во постапката во однос на обвинението, како и ценејќи ги фактите врз кои е заснован актот, донесе одлука со која го одобри обвинителниот акт”, пишува во соопштението на судот.

Главна расправа за овој случај се уште не е закажана. Предметот според електронскиот систем за распределба на предметите АКМИС  и е доделен на судијката Лидија Петровска, која исто така е судија и во случајот „Тврдина 2” на СЈО.

Во случајот „Транспортер” првообвинет е градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој се сомничи за злоупотреба со превозот на ученици во Битола, kako i negovata desna raka Slobodan Bon~anovski.

Овој случај СЈО го отвори во април минатата година, а освен градоначалникот Талески, осомничени се уште 21 лице.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*