Фудбалскиот клуб Пелистер кој веќе со години се среќава со огромни финансиски проблеми и кој наследи над 450.000 евра долг од претходните сопственици на клубот деновиве доби нова блокада на сметката.
Имено Пелистер го загуби спорот со тренерот Шенсои и фудбалерите Баже Илиевски и Ковачев кои од Пелистер побаруваат над 120.000 евра.
Ваквата информација деновиве ни ја потврдија и од фк Пелистер.
Новиот долг уште повеќе ќе го отежни работењето на Пелистер кој оваа сезона најави враќање во Првата фудбалска лига.