Home / Спорт / Нова блокада на сметката на фк Пелистер

Нова блокада на сметката на фк Пелистер

Фудбалскиот клуб Пелистер кој веќе со години се среќава со огромни финансиски проблеми и кој наследи над 450.000 евра долг од претходните сопственици на клубот деновиве доби нова блокада на сметката.

Имено Пелистер го загуби спорот со тренерот Шенсои и фудбалерите Баже Илиевски и Ковачев кои од Пелистер побаруваат над 120.000 евра.

Ваквата информација деновиве ни ја потврдија и од фк Пелистер.

Новиот долг уште повеќе ќе го отежни работењето на Пелистер кој оваа сезона најави враќање во Првата фудбалска лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*