Don't Miss
Home / Uncategorized / Нови кривични пријави за насилствата во Собранието

Нови кривични пријави за насилствата во Собранието

За насилствата во Собранието секторот за внатрешни работи Скопје поднесе нови  кривични пријави против девет лица за инцидентите во Собранието од 27 април. Кривичните пријави се за сторено насилство кон луѓе и оштетување на имот, а направени се три кривични дела: „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие”, потоа „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело”, предвидени и казниви по член 384, 383 и 385 од КЗ.
Кривично пријавени се З.Т. (51), Г.Ц. (49), В.П. (21) тројцата од Скопје и Д.М. (29) и В.М. (46) двајцата од Кочани заради сомнение за сторено кривично дело – „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие”. Потоа, Н.П. (38) и П.М. (22) од Скопје и С.П. (21) од Кичево заради сомнение за сторено кривично дело – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело”; и против А.М. (22) од Скопје којшто се сомничи за сторени три кривични дела – „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие”, “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело”.
„Пријавените на 27 април учествувале во инцидентите и откако го пробиле кордонот од полицијата, влегле внатре каде што оштетиле имот во ходникот на Собранието, а потоа физички нападнале тројца полициски службениците од внатрешното обезбедување, по што се упатиле кон салата бр. 3, односно прес-центарот каде што физичките ги нападнале пратениците на парламентарното мнозинство. Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27 април во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните”, се наведува во соопштението на МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*