Home / Македонија / Новинарот Љубиша Арсиќ добитник на наградата „Никола Младенов“

Новинарот Љубиша Арсиќ добитник на наградата „Никола Младенов“

Првата наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2014 година што ја доделува МИМ, ја доби новинарот Љубиша Арсиќ за серијалот истражувачки текстови на тема „Тајна фабрика за изработка на пасоши“, објавени во неделникот „Фокус“.

Втората награда отиде во рацете на Соња Колевска-Делевска за истражувачките текстови на тема „Силувањето малолетници во Воспитно-поправниот дом „Тетово“, објавени во дневниот весник „Вест“.

Третонаградени се новинарите Владо Апостолов, Сашка Цветковска и Нела Лазаревиќ за сторијата „Победникот на тендерот за Дрисла: ниту искуство, ниту инвестиции. Сторијата е дел од заедничкото истражување на БИРН и ТВ Нова.

Пофалници добија Валентина Стојанчевска за сторијата „Дури 60 граѓани годишно по грешка лежат во притвор“, објавена во неделникот „Фокус“ и Марија Митевска за сторијата „Земјиштата продадени, хотелите неизградени“ објавена на веб-страницата на порталот www.prizma.birn.eu.com

Признание и за Жаклина Хаџи-Зафирова, Владимир Калински и Влатко Стојановски кои ј истражувале за Загадувањето на воздухот во Македонија.

 

 

 

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*