Глумците од Театарот за деца „Бабец“ од Битола денеска за дечињата од општина Новаци ја одиграа новогодишната претстава „Собирач на желби“.
Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња и нивните родители зафатени од предновогодишната еуфорија.
-Секоја година организираме посета на некој театар кој ќе изведе новогодишна претстава за дечињата од нашата општина. Исто така општината за сите дечиња кои одат на училиште, ги посетуваат центрите за ран детски развој , како и за социјалните случаи купува новогодишни пакетчиња- рече Лазар Коетвски, градоначалник на општина Новаци.
Ваквите културни случувања придонесуваат многу за едукативниот и културниот развој на децата од руралните средини.
Влезот за претставата беше бесплатен а присуствуваа сите дечиња од општина Новаци.
К.Ч.