Листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија“ е победничка, ние сме тим на луѓе кои во Советот на Општина Битола ќе работиме исклучиво за Вашите интереси.
Да се биде дел од новата ера и од новата иднина на Битола е предизвик за сите нас кои сме максимално подготвени со посветена работа безрезервно да се вложиме за подобра Битола на сите битолчани.
Како иден советник во Советот на Општина Битола и човек кој е вљубеник во спортот, согласно нашите програмски определби во кои акцентот како идна локална власт го ставаме на здравата животна средина и здравиот начин на живеење ќе се залагам за повисок степен на развој на спортските активности, особено кај најмладите категории на граѓани.
Мерките кои планираме да ги превземеме како идна локална власт ќе доведат до создавање на услови за развој на веќе постоечките и создавање на нови спортски школи. И истите ќе бидат достапни и дел од секојдневието на секое дете. Крајната цел на овие мерки е целосна промена на навиките на живеење на најмладите, креирање на психовизички поздрави генерации на битолчани, а преку развојот на спортските школи креирање на нови работни места за спортските работници.
Почитувани, ние веќе Ви најавивме изградба на нови велосипедски патеки и субвенционирање на купувањето на велосипед со 50 % од вредноста а сума не повисока од 4.000 мкд, но тука нема да застенеме.
Како човек кој меѓу другото рекреативно се занимава со велосипедизам, активно ќе работам на подигање на нивото на свест на битолчани за позитивните страни и потребата од користење на велосипедот во секојдневнието како превозно средство. Активно ќе се залагам за поддршка на постоечките и формирање на нови велосипедски клубови со чија помош во иднина заеднички ќе работиме на обележување и одржување на патеките за планински велосипедизам, одржување на најмалку два големи настани во текот на годината од областа на велосипедизмот, и развој на велосипедизмот како спорт со цел афирмирање на овој спорт во Битола и афирмирање на можностите што нашиот град ги нуди за развој на овој спорт.
Здравиот начин на живот, креирањето на психофизички поздрави генерации, повисокиот степен на развој на спортски активности кај младите категории на граѓани, подигањето на нивото на свест на битолчани за користењето на велосипедот, развојот на велосипедизмот како спорт се само дел од нашата визија за новата ера и за новата иднина на Битола!изјави Иванчо Тошевски, кандидат за советник во Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ