Don't Miss
Home / Uncategorized / Објавен конкурс за сместување студенти во Студентски дом „Кочо Рацин“ Битола

Објавен конкурс за сместување студенти во Студентски дом „Кочо Рацин“ Битола

Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ Битола денеска го објави конкурсот за сместување студенти за наредната академска година.

Огласени се 385 места, од нив 308 за студентите од втора до шеста година и апсолвенти, а 77 легла се за студентите бруцоши.

-Аплицирањето се врши преку веб-страницата на Министерството за образование и наука www.smestuvanje.mon.gov.mk каде се наоѓаат неопходните документи за пополнување и пријавување. Според востановените правила, 40 насто од леглата се наменети за студентите од социјално ранливите категории, и притоа целиот трошок е на сметка на државата, а 25 насто се за студентите кои постигнале високи успеси во студирањето и тие, исто така, ќе бидат сместени на сметка на државниот буџет. За останатите студенти месечниот износ што ќе треба да се плаќа изнесува 3.450 денари, информираат од ДСД „Кочо Рацин“ Битола.

Во пресрет на новата студиска година, ДСД „Кочо Рацин“ Битола изврши пребојадисување на собите, реновирање, дезинсекција, дезинфекција и дератизација.

Во новата академска година на студентите ќе им биде на располагање и библиотека со 500 книги стручна литература и преводи од странски автори, донација на Владата на Република Македонија.

– Електронското пријавување за студентите од втора до шеста година и апсолвентите ќе се врши од денеска до 12 август, а бруцошите ќе може да се пријавуваат од 20-ти до 28 август кога се очекува целосно исполнување на капацитетот, посочуваат од ДСД „Кочо Рацин“ Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*