Home / Економија / Од 30 јуни драстично паѓаат цените во роаминг

Од 30 јуни драстично паѓаат цените во роаминг

-Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина успеаја да воспостават свој регулаторен пазар и од 30 следниот месец меѓусебно да комуницираат по драстично намалени цени  во роаминг – оцени  министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Според потпишаната Спогодба помеѓу четирите држави, македонските државјани од 30 јуни при патување во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за минута разговор во роаминг  ќе плаќаат 17,9 денари.

Поевтинувањето на разговорите е за 73 отсто, додека цената на мобилниот интерент во роаминг ќе се намали за речиси 90 отсто, а еден мегабајт ќе чини 43 денари. Се намалува и цената на СМС пораките кон овие земји од 12,3 денари на 5, 6 денари за порака.

За регулацијата на електронските комуникации, регулаторните мерки и помош за поттик на развојот на нови технологии, како и новите услуги за сите корисници на оваа индустрија се дебатира на тридневната Меѓународна регулаторна конференција што се одржува од денеска во организација на македонската Агенција за електронски комуникации (АЕК).

Македонија и соседните држави, изјави Ивановски, успеаја многу побргу од Европската унија да се усогласат за роаминг тарифата.

– Ние заедно со нашите соседи одговоривме на тоа што го прави ЕУ, кај нив  се уште не е усогласено кога ќе биде роаминг  тарифата  за 28-те држави членки на ЕУ, а ние успеавме да направиме наш регулаторен пазар  заедно со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина,  кај што почнувајќи од 30 јуни граѓаните на Македонија ќе плаќаат драстично пониска цена за роаминг услуги кога ќе патуваат во овие земји. Успеавме како пријателски земји да го направиме ова многу побргу отколку што го има  направено ЕУ во своите 28 држави кои дискутираат  на оваа тема – изјави Ивановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*