Don't Miss
Home / Uncategorized / Од стан во Битола украдени предмети во вредност од 120.000 ден.

Од стан во Битола украдени предмети во вредност од 120.000 ден.

Од стан во Битола украдени пиштол, рачни часовници, накит и пари во вредност од 120 илјади денари.

Како што информираат од МВР, вчера во периодот од 8 до 16:50 часот на улицата „Павел Шатев“ во Битола, во стан сопственост на Љ.М. (41), непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот, со подесен алат ја отворил влезната врата од станот, влегол внатре и  одзел еден пиштол марка „ЦЗ М57“ калибар 7,62 мм,  дигитален фотоапарат, шест рачни часовници, разновиден накит и еден плик со 20.000 денари и 150 евра, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*