Со полагање букети свежи цвеќиња, пред спомениците на бранителите во дворот на СВР- Битола, пре споменикот “Ангел“ кај градскиот часовник и пред споменикот на бранителот Бошко Најдовски во село Долно Оризари, денеска, во Битола беше одбележана 14. годишнината од загинувањето на осумтемина бранители од Битола кои во 2001 година загинаа за време на конфликтот во селата Вејце и Гајре.
Покрај семејствата на загинатите бранители, на комеморацијата букети свежи цвеќиња положија делегации на бранителите од конфликтот во 2001 година, полицајци од СВР- Битола, делација на Армијата на Македонија, градоначалникот на Битола Владимир Талески и делегации на политичките партии и претставници од Советот на Општина Битола.
Притоа беше нагласено дека имињата на загинатите бранители во Гајре и Вејце треба да претставуваат најсериозна опомена за во иднина таквите конфликти никогаш да не се повторат.
Б.В.